Реал Мадрид двапати губеше, но на крајот освои бод на гостувањето кај Вилјареал. Кралевите може да бидат задоволни што не загубија бидејќи Жолтата подморница одигра одличен меч. Морено донесе радост за домаќините во 12-тата минута, а буквално во последните секунди од првиот дел израмни Герет Бејл.
И во второто полувреме ситуацијата беше иста. Гомес погоди за 2:1 за Вилјареал, но Бејл со својот втор погодок во 86-тата минута израмни на 2:2. Бејл беше во центарот на вниманието и во судиското надополнување, кога за неполна минута доби два жолти картони и беше исклучен во 94-тата минута.