Бејл со писмо се прости од Реал Мадрид: Заедно пишувавме историја!

Велшанецот Герет Бејл си заминува од Реал Мадрид како слободен играч, а тој денеска со писмо кое го објави и на социјалните мрежи се прости од Кралскиот клуб, во кој беше од 2013 година.

„Тука пристигнав пред 9 години како млад човек кој сакаше да го исполни својот сон – да играм за Реал Мадрид, гордо да го носам белиот дрес, клупскиот грб на градите, да играм на ‘Сантијаго Бернабеу’, да освојувам титули и да бидам дел од освојување на Лигата на шампионите. Сега можам да погледнам назад, да размислувам јасно и искрено да признаам дека тој сон се оствари, дури и многу повеќе од тоа. Да се биде дел од историјата на овој клуб и да се постигне она што го постигнавме додека бев играч на Реал Мадрид, беше неверојатно искуство кое никогаш нема да го заборавам“, напиша Бејл, кој беше во немилост на навивачите и тренерите во последните сезони, но не може да се заборават неговите голови во финалињата на ЛШ во 2014 и спектакуларниот со ножички во 2018 година, како и погодокот за победа над Барселона во финалето на Шпанскиот куп, кога со неверојатен спринт го претрча Марк Бартра пред да постигне гол.

„Исто така сакам да им се заблагодарам на претседателот Флорентино Перес, Хозе Анхел Санчес и управниот одбор што ми дадоа можност да играм за овој клуб. Заедно успеавме да создадеме неколку моменти кои ќе останат засекогаш во историјата на овој клуб. Ми беше чест. Ви благодарам, Хала Мадрид“, завршува Бејл.

Ова се најсветлите моменти од кариерата на Бејл во Реал:

https://twitter.com/i/status/1531932452788350976

- Оглас -

Најнови вести