Репрезентацијата на Велс, предводена од нивниот најдобар фудбалер Герет Бејл, ќе се обиде да направи сензација и да им ги „помати“ сметките на најдобрите на СП во Катар.
Некогашниот играч на Реал Мадрид, кој сега игра во МЛС-лигата во екипата на Лос Анџелес ФЦ, е уверен во историски настап на неговата селекција.
„Јас се чувствувам добро и се надевам дека така ќе биде до пред Светското првенство. Знам дека Велс не е меѓу фаворитите за трофејот, но јас сум уверен дека ќе направиме сензационален успех и дека ќе ги направиме горди нашите навивачи“ изјави Бејл.
Велс се наоѓа во групата Б каде што уште се и Англија, САД и Иран.