Бејл за шест години во Шпанија научил да каже само два збора

Герет Бејл е еден од оние играчи кои се дел од четирите титули во последните пет сезони во Лигата на шампионите на Реал Мадрид. Велшанецот заедно со Кристијано Роналдо и Карим Бензема ја сочинуваа ударната игла во нападот. Во ланското финале против Ливерпул, Бејл даде два два гола и секако е еден од најзаслужните за трофејот.

Бејл покажа дека одлично се разбира со соиграчите на теренот, но тоа не е така, кога фудбалерите се во соблекувалната. Бразилецот Марсело открива дека Бејл воопшто не научил да збори шпански јазик, иако е во Мадрид од 2013 година. За дури шест години, Бејл успеал да научи како да се поздрави на шпански и плус два збора. Марсело и Бејл седат еден до друг во соблекувалната, а Бразилецот се жали дека не може да си прави муабет, со Велшанецот. Од другата страна на Марсело седел Роналдо, но откако Португалецот си заминал, тоа шкафче останало празно.

„Немам никој покрај себе. Тука е само Бејл, а тој збори само англиски. Со него комуницирам само со гестикулации. Единствено што знае е да се поздрави и да рече „добро вино““ – открива Марсело за маката што ја има со Бејл во соблекувалната.

Бејл е единствен кој не е дел од заедничките неспортски активности на фудбалерите, а тоа е и нормално ако се знае дека воопшто не научил да збори шпански.

 

- Оглас -

Најнови вести