Бејн и Таунс се опасни стрелци, меркаат плус поени во драматична серија

8364 Дезмонд Бејн (НБА, Минесота – Мемфис, 03 часот)

Бекот на Мемфис гризлис е пример за рапиден напредок во НБА и во втората сезона што ја игра за Мечките драстично си ги поправи личните бројки и игра импресивно.

Лани како дебитант имаше просек од 8.9 поени, 3.1 скок и 1.7 асистенции, а сега игра плејоф и има просечно по 18.5 поени, 4.4 скока и 2.7 асистенции сметајќи го и регуларниот дел од шампионатот.

И што е уште подобро за Бејн, во плејофот просекот му е 23.6 поени што е извонредно за млад играч.

Дезмонд е еден од големите адути на Мемфис за конечна победа во возбудливата плејоф серија со Минесота, а Мечките водат со 3:2, па од него се очекува повторно да оди над дваесетката.

Предлог тип:>21.5 поени (1.87)

 

8371 Карл-Ентони Таунс (НБА, Минесота – Мемфис, 03 часот)

Карл-Ентони Таунс е едне од најразноврсните центри во НБА лигата и често велат дека тој е петка во тело на бек.

Знае да игра под кошевите, да погоди тројка, а и техниката му е импресивна. Предност ќе му биде што веријатно нема да игра Стивен Адамс за Мемфис, кој е еден од најдобрите дефанзивци меѓу центрите во НБА лигата.

Од Таунс се очекува многу, а ако Минесота сака да израмни и потоа да има шанса да игра мајсторка за пробив во второто плејоф коло на Западот, центарот ќе мора да биде ефикасен.

Предлог тип: >25.5 поени (1.90)

 

8333 Њујорк ренџерс – Вашингтон капиталс (НХЛ, 01 часот)

Со победа во последниот натпревар од регуларнио дел од сезоната Њујорк ренџерс ќе го одбранат четвртото место во Источната конференција што би значело дека ќе имаат предност на домашен терен во првото коло најверојатно против Тампа беј, екипа што има ист број на бодови 108 како и Њујорк, но со послаб меѓусебен биланс.

Проблем за Ренџерс е што имаат доста повредени и отсустни хокеари, меѓу нив и една од главните ѕвезди Артеми Панарин.

За Вашингтон нема да игра Александер Овечкин, па и двете екипи се со голем хендикеп во последниот меч од сезоната.

И Њујорк и Вашингтон имаат серија од по три порази, но на Ренџерс ова им е исклучително важен меч и типуваме дека ќе го победат тимот од главниот град на САД.

Предлог тип: 1 (2.40)

 

8340 Винипег џетс – Калгари флејмс (НХЛ, 02 часот)

Винипег не успеа во финишот на сезоната да се избори за настап во плејофот, па ќе игра ревијален претпоследен меч во сезоната.

Калгари во канадското дерби со Винипег го завршува успешно регуларниот дел од сезната, а со победа ќе бидат втори во Западната конференција.

Флејмс имаат 111 бодови, исто колку и третопласираната Минесота, но се со подобар меѓусебен биланс и имаат голема шанса да бидат веднаш зад лидерот Колорадо.

Калгари не смее да пропушти ваква шанса и типуваме дека ќе успее по вторпат сезонава да го победи Винипег.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

8344 Аризона којотс – Нешвил предаторс (НХЛ, 04.30)

Предаторите на Нешвил некако успеаа да се изборат за настап во плејофот, а ако ја победат отпишаната Аризона ќе бидат на шесттото место на конечната табела во Западната конференција.

Тоа веројатно би им донел плејоф серија во првото коло со Минесота вајлд, но за такво нешто им треба триумф против Којотите.

Нешвил има 97 бода, два помалку од Лос Анџелес кингс, кои веќе ги одиграа сите натпревари во регуларниот дел, а имаат и послаб меѓусебен скор, па би се смениле со Предаторите и тимот од Ел-Еј би бил седми, а Нешвил шести пред стартот на плејофот.

Гостите ноќеска едноставно не смеат да си дозволат кикс против Аризона, бидејќи со пораз може да паднат на осмата позаиција што им носи стартна плејоф серија против најсилниот состав по регуларниот дел, Колорадо авеланш.

Предлог тип: 2&5+ (1.82)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести