Бек кој има само 19 години застана на гол да брани пенали и четвртолигашот ја победи Жирона

Шпанскиот четвртолигаш УД Логронес го направи најголемото изненадување во шпанскиот куп откако по голема драма и подобро изведување на пенали успеа да го елиминира примералигашот Жирона.

Во регуларниот дел немаше погодоци, а мрежите мируваа и по дополнителните 30 минути. Интересно е дека во второто продолжение се повреди голманот на УД, Логронес кике Ројо, па принудно голманските ракавици ги облече 19-годишниот бек Пол Арнау.

Тинејџерот имаше неколку добри интервенции, па мечот мораше да се решава на пенали. Во пенал-рулетот Арнау успеа да го одбрани ударот на Руиз, а потоа Стуани ја погоди пречката во последниот петти пенал, па четвртолигашот со 4:3 на пенали го елиминира тимот кој сезонава игра во Лигата на шампионите.

Интересно е дека новиот херој на УД Логронес, Пол Арнау е син на Фредерик Арнау кој почина пред три години, а беше голман на Барселона и Малага.

И во оваа херојска победа на четвртолигашот, на крајот имаше спорен момент, кога по шутот на капитенот на Жирона, Стуани, топката од пречката ја помина гол-линијата, па излезе. Бидејќи на теренот на четвртолигашот нема технологија на гол-линијата, а помошникот судија не го забележа тоа и беше одлучено дека нема гол.

- Оглас -

Најнови вести