15.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Бекали: „Срамота! Испаднавме од екипа од дивизијата Ц“

Шкендија со две победи го елиминира романскиот шампион, ФЦСБ, а сопственикот на клубот, Џиџи Бекали, иако најави дека 4-5 месеци нема да коментира ништо за фудбал, сепак не издржа.

„Срамота! Голема срамота! Да те победи двапати во европските купови екипа од дивизијата Ц. Да те победат еднаш – тоа е случајност, ама двапати? Ова е најголемиот срам досега во романскиот фудбал. Немало вакво нешто. Караганди? Овие се од дивизијата Ц. Нѐ победи екипа од дивизијата Ц. Ова е најголемиот срам во историјата на романскиот фудбал. Оваа екипа на Шкендија е премногу слаба, послаба екипа од оваа немам видено. Цели 25 години сум во фудбалот ама вакво нешто немам видено“, нервозно коментираше Бекали.

- Оглас -

Најнови вести