27.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Бекали: Уживајте во мојот неуспех, нема да зборувам за фудбал следните 4-5 месеци!

Првиот човек на ФЦСБ, Џиџи Бекали, веднаш по мечот со Шкендија даде изјава за романскиот „ДигиСпорт“ во која рече дека ќе молчи 3, 4, 5 месеци бидејќи тимот не му дал право да зборува за фудбал.

ФЦСБ летово е очаен, претрпе три порази на четири меча против екипи од Андора и од Македонија. Бекали беше оптимист дека неговиот тим ќе ја елиминира Шкендија, а потоа и Карабах, но ќе игра против Дрита во квалификациите за Лигата на Европа.

По неуспехот, Бекали објави дека повеќе нема да зборува за фудбал во наредните месеци. Шефот на ФЦСБ имаше жесток дијалог со двајца новинари.

Нема да зборувам за фудбал три-четири-пет месеци. Срамно е што се случи ова. Ако на Бога не му е гајле за мене и за тебе, што можам јас да направам? Не се подготвувам повеќе за Лигата на шампионите. Сега за што да зборувам? Дали сè уште имам право да зборувам? И јас се потсмевам на проблемите. Се смеам, зошто да не се смеам, умрел некој, некој е болен? Не ме викајте повеќе бидејќи веќе нема да зборувам. Ако се квалификувавме, ќе зборував. Морам да си ја затворам устата сега. Радувајте се, сакавте да се случи ова. Уживајте во мојот неуспех“, рече контроверзниот Бекали.

- Оглас -

Најнови вести