Речиси и да нема познат фудбалер или тренер кој не го дал своето мислење околу тоа кој е подобар фудбалер, Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Прославениот Дејвид Бекам даде интересно образложение за тоа кој и зошто е најдобар.
„Меси и Роналдо, па дури потоа останатите играчи. Меси е единствен и нема никој друг како него. Роналдо не е нивото на Лионел и тоа е тоа. Одлучив да одам во пензија оној ден кога Меси претрча покрај мене на теренот“, вели Бекам во својот избор за тоа кој е најдобар играч на денешницата.
Интересно е што Бекам и Роналдо имаат играно во два исти клуба, но никогаш не биле соиграчи. Бекам беше во Манчестер јунајтед до 2003 година, кога реши да направи трансфер во Реал Мадрид, а тоа лето на „Олд Трафорд“ пристигна Кристијано Роналдо. Бекам остана во Реал до 2007 година, а две години подоцна кај Кралскиот клуб се пресели Роналдо, кој подоцна стана најдобар стрелец во историјата на најтрофејниот шпански клуб.
Beckham: “Messi is unique; Cristiano is not at his level” https://t.co/yO4DtrdHDe pic.twitter.com/FEGL0OZJUh
— AS English @
(@English_AS) April 18, 2020