Бекам го потпиша најчудниот договор – Ќе добие 45 милиони евра за три години, а нема да работи НИШТО

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам потврди дека потпишал тригодишен договор со ЕА Спортс дозволувајќи неговиот лик да биде присутен на компјутерската игра ФИФА 21.

Бекам на „Инстаграм“ се пофали дека е горд што неговиот лик се наоѓа на насловната страна од новата игра. Името на Бекам ќе го има и меѓу фудбалските икони во играта на ФИФА во следните три години.

„По 23 години, горд сум што повторно ќе бидам на насловната страница и што се враќам „на теренот“ како фудбалска икона со дел од моите поранешни соиграчи“, рече Бекам.

Според најавите, Бекам за овој договор со ЕА Спортс ќе добие вкупно 45 милиони евра за три години.

 

- Оглас -

Најнови вести