Бекам: Има еден фудбалер кој ме потсетува на мене и одлично нафрла топка

Поранешниот капитен на англиската репрезентација и еден од најпопуларните фудбалери во историјата, Дејвид Бекам, гледа на бекот Трент Александер-Арнолд од Ливерпул како најблиска модерна верзија на себе.

Бекам го призна ова во поткаст со неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд.

„Ако има играч што го гледам и мислам: „Тој е многу сличен на мене во начинот на којшто ја нафрлува топката“, би морало да биде Трент. Тој е неверојатен играч. Кога го гледам, мислам дека сè гледам себеси во начинот на којшто ја додава топката, начинот на којшто ги изведува оние долги додавања. Тој прави додавања за кои некои играчи не ни помислуваат, тоа ми се допаѓа кај него“, рече Бекам.

- Оглас -

Најнови вести