Сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, се обидува да го убеди шпанскиот голман Давид Де Геа да потпише со неговиот клуб.
Де Хеа е без клуб откако летоска го напушти Манчестер јунајтед. Бекам е легенда на Јунајтед, а и Де Геа долго време беше на голот на Црвените ѓаволи, но немаше доволно добри понуди и моментно е без ангажман.
Има шпекулации дека Бетис сака да го земе во јануарскиот преоден рок, желбата на самиот Де Геа е да остане во Европа, но сега има опција и за преселба во САД, па можеби ќе го промени ставот и ќе прифати заминување од другата страна на Атлантикот.
Присуството на Лионел Меси со составот на Интер Мајами е магнет и може да придонесе за одлуката на Де Геа, а таму играат и неговите бивши репрезентативни колеги Жорди Алба и Серхио Бускетс.