Дербито на денешниот ден од осминфиналето во ЛШ, дуелот на Манчестер јунајтед и ПСЖ, со нетрпение го чека и легендата Дејвид Бекам, кој ги има носено дресовите и на двата клуба кои вечерва од 21 часот ќе се судрат на „Олд Трафорд“.
Играчите и стручниот штаб на англискиот претставник, ќе имаат поддршка и од Бекам, некогашна ѕвезда на тимот и соиграч на тренерот Солскјер со кого во 1999 година освоија титула во ЛШ. Во тоа легендарно финале во 1999 на „Камп Ноу“ против Баерн, Бекам го изведе корнерот по кој Солскјер го даде победничкиот гол. Популарниот Бекс во 2013 година играше кратко и за „светците“ од Париз, но неговото срце ќе чука за „црвените ѓаволи“ од Манчестер.
И гостите нема да бидат без поддршка на „Олд Трафорд“. Нивните навивачи се добро расположени и со песни и палење факели се загреваат за натпреварот. Засега нема информации за инциденти, а фановите од Париз се мотивирани да му помогнат на својот тим кој ќе биде ослабен со неиграњето на Нејмар и Кавани.
Le fameux brouillard anglais… #FootTrip #MUPSG @Co_Ultras_Paris @CanalSupporters pic.twitter.com/cGR4s5F0kZ
— Thomas Thouroude (@ThomasThouroude) February 12, 2019