Интер Мајами е блиску до ангажирање на Даниел Стариџ, поранешната ѕвезда на Ливерпул. Ексрепрезентативецот на Англија од март годинава е без клуб откако го раскина договорот со турскиот прволигаш Трабзонспор.
Стариџ претходно беше казнет со четири месеци суспензија и 150.000 фунти парична казна поради прекршување на правилата за обложување, а од јуни ќе може да оствари трансфер. Наводно тој имал намера да се проба во МЛС-лигата, што е добар знак за клубот на Дејвид Бекам да го ангажира.
Триесетгодишниот Стариџ за Трабзон одигра 15 натпревари во турското првенство пред да го раскине договорот, во кои реализира седум погодоци. Претходно настапуваше за Ливерпул, Челзи и Манчестер сити, како и за ВБА и Болтон како позајмен играч.