Бекам откри: Меси сака да се врати во Барселона

Некогашниот англиски фудбалер, а сега сопственик на екипата Интер Мајами, Дејвид Бекам откри дека имал разговор со Лионел Меси, околу плановите на Аргентинецот по завршување на играчката кариера.

Меси веќе втора сезона го носи дресот на Интер Мајами, а се очекува тој да биде активен се до Светското првенство кое во 2026 година ќе се игра во САД, Мексико и Канада. Што се однесува околу иднината по завршување на кариерата, Меси не планира да остане во Мајами и во САД, па Бекам бил разочаран.

„Би сакал Меси да живее во Мајами и кога ќе ја заврши кариерата, но Лео ми кажа дека сака да живее во близина на „Камп ноу“ во Барселона. Не постои играч кој толку многу ја сака Барселона како него. Може да го видите логото на Барселона тетовирано на неговата нога. Дури и на неговото шишенце со вода стои амблемот на Барселона“, вели Бекам.

Актуелниот договор на Меси со Интер Мајами е до докември 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести