Некогашниот англиски репрезентативец, а сега сопственик на тимот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, откри дека бил импресиониран од Лионел Меси и неговиот став кон фудбалот што го има.
Минатата година Меси реши да си замине од Пари Сен Жермен и како слободен играч потпиша за тимот на Интер Мајами. Со Меси во екипата, Интер Мајами од најслаб клуб во лигата, сезонава стигна до првото место во регуларниот дел и најмногу освоени бодови во една сезона.
„Ќе се присетаам на првиот ден кога дојде во тренинг. Пристигна околу 6:50 часот наутро. Во тренинг-центарот немаше никој освен момчето кое му ја отвори вратата за да влеезе. Остатокот од екипата пристигна во 10 часот. Тренингот требаше да започне во 10 часот и никој никогаш претходно не тренирал“, открива Бекам, кој потоа продолжи да открива детали од доаѓањето на Меси во Интер Мајами.
💬 Beckham cuenta un detalle desconocido de Messi que le deja sin palabras: “Leo, para mí, es… Voy a retroceder al primer día que vino al campo de entrenamiento…”https://t.co/jZ4aJj2Ye7
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) October 31, 2024
„Целосно се подготви. Беше во сал за вежбање, се загреваше, ги правеше сите работи што ги прават младите играчи. Тоа го прави и сега на негови години. Кога ќе сфатите што сè има освоено, ќе очекувате да биде малку поопуштен, но не е така. Ако треба да го опишам со еден збор, тој збор ќе биде „победник“. Не во смисла за тоа што го освоил, туку поради гладта која уште ја чувствува. Гладен е за титули и успеси“, воопшто не штедеше зборови Бекам за Меси.
Бекам додава дека Меси многу се лути ако соиграчите не работат како што треба на тренинзите и дека многу е лут ако неговиот тим загуби.