Бекам сака прв клиент да му биде ѕвезда на ПСЖ

Иконата на Манчестер јунајтед и поранешен капитен на англиската репрезентација, Дејвид Бекам, цели високо во својата нова професија како фудбалски агент. Бекам сака за прв клиент да му биде ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Бекам пред околу еден месец ја освонаше компанијата „Футворк менаџмент“ заедно со пријателите Дејв Гарднер и Никола Хаусон, па со својата репутација во фудбалскиот свет се обидува што побрзо да ја развие фирмата. Најдобар начин за тоа е да се ангажира еден од најдобрите млади фудбалери во моментов, да се биде агент на Мбапе гарантира успех.

Доколку се оствари оваа соработка, Бекам ќе го чека напорна работа бидејќи Мбапе е трансфер цел на најбогатите клубови како Реал Мадрид, Барселона, Манчестер сити. Одредени француски медиуми тврдат дека Бекам и Мбапе веќе имале неколку средби на кои се дискутирало на оваа тема, па останува на светскиот првак да размисли дали да ја прифати понудата.

 

- Оглас -

Најнови вести