Бекам се приклучи на генерацијата 92‘

Екскапитенот на англиската репрезентација Дејвид Бекам откупи 10% од акциите на петтолигашот Салфорд сити, па како косопственик се приклучи на популарната генерација 92‘ на Манчестер јунајтед. Бекам заедно со браќата Невил, Рајан Гигс, Пол Сколс и Ники Бат сега ќе поседуваат 60% од акциите на клубот, додека останатите 40% се во сопственост на сингапурскиот бизнисмен Питер Лим.

Поранешната ѕвезда на Јунајтед и Реал веќе поседува еден клуб, станува збор за Интер Мајами ФК, екипа која од 2020 година ќе се натпреварува во МЛС-лигата во САД.

Салфорд моментално се наоѓа на третото место на табелата во петтата национална лига на Анлија со 56 бода, со еден бод заостанува зад лидерот Лејтон Ориент, а има шанси да обезбеди промоција во четвртата дивизија, што за него ќе биде првпат во клупската историја.

 

- Оглас -

Најнови вести