Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам е прогласен за витез.
На денешната церемонија по повод роденденот на Кралот Чарлс III, 50-годишниот Бекам ја доби титулата Сер за неговите спортски достигнувања и добротворна работа.
Бекам освои 12 трофеи со Манчестер јунајтед, каде што играше од 1993 до 2003 година. Потоа играше и за Реал Мадрид, Милан, ПСЖ и Лос Анџелес Галакси.
Моментно е ко-сопственик на Интер Мајами, фудбалскиот клуб за кој игра Лионел Меси.

„Не би можел да бидам погорд“, рече Бекам. „Луѓето знаат колку сум патриот – ја сакам мојата земја. Секогаш велев колку е важна монархијата за моето семејство. Имам среќа што патував низ светот и што луѓето сакаат да разговараат со мене за нашата монархија. Тоа ме прави горд“, изјави Бекам кој беше придружуван од неговата сопруга Викторија и родителите Сандра и Дејвид во замокот Виндзор.
Влијанието на Бекам се протега многу подалеку од фудбалскиот терен. Тој одигра и улога во обезбедувањето на Олимписките игри во 2012 година за Лондон, а соработува о со хуманитарната организација УНИЦЕФ.

