Бекам во 5 часот наутро дознал дека Меси ќе дојде во Интер Мајами и почнал да плаче!

Еден од сопствениците на Интер Мајами, некогашната англиска фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам раскажа детали околу трансферот на Лионел Меси во Мајами.

Бекам вели дека кога дознал дека Меси ќе дојде во неговиот клуб, го обзеле емоции и бил среќен како кога неговото име се скандирало на „Олд Трафорд“ и на „Вембли.“

„Ја победивме конкуренцијата од целиот свет и кај нас го доведовме најдобриот фудбалер во историјата. Чувството е како кога ќе постигнете гол или вашето име ќе се скандира од фанови на ‘Вембли’, кој е најважниот стадион во мојата земја“, вели Бекам.

Интер Мајми постои пет години, само три години игра во МЛС, а уште во 2019 година Бекам ја добил идејата да го донесе Меси во Мајами. Тогаш на таен состанок со таткото на Лео му било кажано дека е прерано, но дека Лео би сакал еден ден да заигра таму. И Бекам како играч замина во САД, и тоа кога имаше 32 години, па знае како му е на Меси.

Бекам кажа и дека бил во Јапонија кога дознал дека Меси одлучил да дојде во неговиот Интер Мајами.

„Бев со семејството во Јапонија и се разбудив во 5 часот наутро затоа што телефонот постојано вибрираше. Викторија ми рече да го исклучам телефонот. Ги ставив очилата и гледам Лео доаѓа. Се ежам и сега кога се потсетувам на тоа. Кога се разбуди Викторија, ме прегрна и повторно заплакав“, додава Бекам.

- Оглас -

Најнови вести