Бекер го брани Ѓоковиќ: Добро го познавам, не ја лажира повредата!

Повредата на задната ложа на Новак Ѓоковиќ е главна тема на Австралијан Опен, а неговите победи предизвикаа и бројни коментари дека Србинот лаже дека е повреден, за неговите победи да добијат дополнителна тежина.

Ѓоковиќ на мечот со Григор Димитров двапати бараше медицински тајм-аут, а средбата ја доби со 3-0 во сетови, и фановите почнаа да шпекулираат дека Ѓоковиќ ја лажира повредата.

Борис Бекер кој е поранешен тренер на Новак, смета дека првиот фаворит за титула во Австралија навистина има повреда која го мачи.

„Доста долго време го познавам Ѓоковиќ и знам дека навистина има проблем со повредата. Не би се однесувал така доколку сè е во ред со него“ – изјави Бекер.

- Оглас -

Најнови вести