Борис Бекер, поранешниот германски тенисер и гренслем-шампион, денеска е ослободен од англиски затвор, каде што ја издржуваше казната поради финансиски малверзации, и наскоро ќе биде депортиран од Обединетото Кралство.
Бекер, кој од 2012 година живее во Обединетото Кралство, во април годинава беше прогласен за виновен за прикривање, односно незаконски трансфер на пари од англиски во банки во Германија, но и на сметките на поранешните сопруги, како и на офшор сметки за да избегне плаќање на долговите откако прогласи банкрот.
Исто така, Бекер сокрил дека поседувал акции во компанија и дека подигнал заем од банка во висина од 825.000 евра.
Тој беше осуден на две и пол години затворска казна, но одлежа само осум месеци.