Германската тениска легенда Борис Бекер, кој е најмладиот шампион на Вимблдон во историјата, гледа одраз на себе во фудбалската ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.
Бекер го советува 18-годишникот да биде претпазлив во искушенијата на славата и богатството.
Јамал го имаше своето деби за Барселона на 16-годишна возраст и оттогаш постави голем број рекорди за клубот и шпанската репрезентација.
Бекер, исто така, направи сензационален пробив кон светскиот врв кога го крена трофејот на Вимблдон во 1985 година на 17-годишна возраст.
Но, со успесите дојдоа и тешкотии и во спортската кариера и во неговиот личен живот.
Во интервју за „ТокСпорт“, Германецот рече дека гледа сличност со она што сега му се случува на Јамал.
„Среќен сум што трипати го освоив Вимблдон, но можеби на 17 години бев премлад. Уште бев дете. Јамал е исклучителен, тој е најдобриот млад играч во светот, но ме потсетува и на младиот Борис Бекер. Ја загуби приватноста. Мислам дека има висок ризик да се соочи со одредени потешкотии за 10-15 години. Немаа многу, а сега тој и семејството се богати, многу луѓе ќе им пријдат од интерес, Мојот совет до него е – внимателно бирај ги пријателите и верувај му на вашето семејство“, изјави Бекер.