Шкендија загуби на гостувањето во Приштина од Дрита, и тоа минимално со 1:0. Домаќините поведоа со гол во 20-тата минута, а до крајот на средбата ја сочуваа предноста и сега косовскиот тим се искачи на осмото место на табелата во Конференциската лига. Дрита има осум бодови и е без пораз.
За разлика од Дрита, екипата на Шкендија остана сам на четири бода и тетовчани паднаа дури на 25-тото место на табелата, кое не носи пласман во плејофот. Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, беше разочаран поради поразот.
„Честито на Дрита за победата. Ние бевме доминантни речиси 90 минути, но на овие нивоа на европски натпреварувања, кога ќе го примите голот што го примивме ние, многу лесен гол, не можете да се надевате на позитивен резултат. И покрај тоа што имавме време да реагираме, создадовме неколку шанси, доминиравме на теренот, но немавме среќа во одредени моменти. Дрита го водеше натпреварот и освои три бода“, рече Беќири веднаш по синоќешниот пораз.

