17.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Беќири: Ги издржавме провокациите и покажавме дека фудбалот се игра на терен

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири беше презадоволен од победата на тетовци на гостувањето во Букурешт. Беќири потенцираше дека пред мечот имало големи провокации од домашниот тим, но тие машки ги издржале, а потоа покажаа дека фудбалот се игра на терен.

„Ова е голема победа за нас затоа што да се победи тука во оваа атмосфера против оваа екипа не е мала работа. Честитки за сите во клубот. Импресиите по мечот се убави. Не сакам да навлегувам на провокациите од домашниот тим што ги имавмеч Имам голем респект кон домашниот тим ФЦСБ. Тоа е голем тим со сопственик кој вложува многу пари. Јас сум научен дека фудбалот секогаш се игра на терен, а не надвор од него“, вели Беќири по историската победа на Шкендија во Букурешт.

Шкендија се пласираше во третото квалификациско коло за место во групната фаза од Лига на шампиони, а следен ривал на тетовци ќе биде Карабаг.

- Оглас -

Најнови вести