Шкендија утре го продолжува настапот во Конференциската лига со меч од разигрувањето против турскиot Самсунспор. Во редовите на актуелниот шампион на Македонија се свесни дека имаат квалитетен противник, но најавуваат дека трпеливо ќе ја чекаат својата шанса.
„Ни се отежнија малку подготовките затоа што Самсунспор има нов тренер, Торстен Финк, кој дојде непосредно пред овој меч. Горди сме што Шкендија ќе игра и напролет во Европа и ќе сториме сè за да оствариме позитивен резултат. Тие се дефинитивно една од најквалитетните екипи со кои се соочуваме на овој европски пат, ќе бидеме трпеливи и ќе ја чекаме нашата шанса“, вели тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.


