8.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Беќири: Не одигравме најдобро што знаеме, Самсунспор беше подобар

Победата од 1-0 на гостувањето против Шкендија го доближи турскиот Самсунспор до следната рунда во Конференциската лига на УЕФА. Тренерот на тетовци, Јетон Беќири, изјави дека неговиот тим не се прикажал во најдобро издание.

„Противникот беше подобар на вечерашниот меч и сакам да им честитам. Мислам дека ние не бевме на нашиот максимум. Кога играш против ваков квалитетен тим, треба да ја искористиш секоја шанса. Противникот успеа да постигне гол од една од шансите и тоа го реши мечот. И ние имавме две-три добри шанси, но не ги искористивме. Нѐ чека меч со Силекс в недела, а потоа во четврток на гостински терен ќе се обидеме да се претставиме во подобро светло и да се прикажеме во вистинско издание“, изјави Беќири.

Торстен Финк дебитираше како тренер на Самсунспор со победа.

„Клубот направи сè за да ми го олесни работењето тука. Мојот тим исто така одигра многу добро. Нашите играчи се држеа до планот за натпреварот и го реализираа многу добро на теренот. Затоа сум многу среќен. Оваа победа секако е многу важна за нас. Во голема мера ја контролиравме играта и бевме супериорни во однос на поседот на топката. Шкендија е тим кој не губи лесно на домашен терен. Но, сè уште ништо не е завршено. Имаме уште еден натпревар да играме дома“, изјави Финк. 

- Оглас -

Најнови вести