-0.2 C
Skopje
петок, 12 декември 2025

Беќири: „Одигравме добро, но ќе бев позадоволен ако постигневме уште некој гол“

Фудбалерите на Шкендија со 2-0 славеа над Слован Братислава, екипа која минатата сезона беше дел од лигашкиот дел на Лигата на шампионите, па сега актуелниот шампион на Македонија сонува и европска пролет.

Тренерот Јетон Беќири е задоволен од триумфот и трите бода, но вели дека неговиот тим можеше да биде и поубедлив.

„Ова беше навистина добра игра, како тим и играчите ги завршија своите задачи до крај, но ќе бев позадоволен ако постигневме уште неколку голови. Секако, сè уште не сме обезбедиле пласман понатаму бидејќи имаме уште еден натпревар за играње. Се надевам дека на натпреварот во Ларнака играчите ќе го дадат својот максимум и дека ќе испишеме уште една историја за нашиот клуб”, изјави Јетон Беќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести