7.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Беќири откри кој е виновен за поразот на Шкендија од Вардар

Шкендија го претрпе првиот пораз сезонава во домашниот шампионат и тоа на домашен терен од Вардар со 0:1, во меч од 10 коло. За Вардар ова беше прва победа во Тетово по пауза од девет години.

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири ја презема целата одговорност за овој пораз и побара да не се прават дополнителни тензии.

„Во текот на целиот натпревар, сè одеше против нас, од пропуштените шанси, па се до пеналот. И нормално, секогаш во однос на одговорноста кога резултатот не е добар, во овој случај поразот, одговорноста паѓа на тренерот, односно на мене. Сè што ни треба во овој момент е да останеме смирени и да се подготвиме за следниот натпревар“, рече Беќири.

Стратегот на тетовци е загрижен за тоа како делува неговиот тим посебно во офанзивниот дел, каде нема реализација.

„На вакви дерби мечеви не може да има потценување. Многу малку сме опасни во нападот, а кога имаме чисти шанси пред голот, не ги користиме. Исто така не ги користиме ниту грешките на противникот и ова е многу загрижувачко во моментов. Затоа на почетокот нагласив дека сè во овој натпревар отиде против нас“, заклучи Беќири по поразот од Вардар во Тетово.

- Оглас -

Најнови вести