Шкендија одигра тактички одличен меч и на крајот победи против фаворизираниот противник ФЦСБ. Еден од најзаслужните за овој историски триумф на Шкендија секако е тренерот Јетон Беќири, кој ја перфектно ја постави тактиката и на крајот заслужено се радуваше.
Беќири е среќен поради победата, но потенцира дека романскиот тим уште е во улога на фаворит за оди понатаму.
“Пред се голема победа за нас, секако добар резултат против еден така голем клуб како што е ФЦСБ или Стеауа. Мислам дека тактички бевме одлични. На моменти имавме и среќа, но имаше среќа и противникот, можевме да дојдеме до убедлива победа. И сега ќе кажам, Стеауа и покрај поразот вечерва и натаму е фаворит, и нека биде. Важно е и во реваншот да покажеме вистинска енергија, тоа може да ни донесе историски успех“ рече Беќири по победата вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје.