22.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Беќири пред реваншот со ФЦСБ: „Ќе играме како да е 0:0, а не 1:0 за нас“

Актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, утре во Букурешт има историска шанса да дојде најмалку до пласман во лигашкиот дел од Конференциската лига, секако доколку успее да ја сочува предноста од 1-0 од првиот меч против ФЦСБ.

„Очекувам, но и се надевам дека ќе дадеме се од себе на овој натпревар. Секако дека имаме респект кон ФЦСБ. Мислам дека ова ќе биде тежок натпревар, во кој ние ќе се обидеме да дадеме се од себе. Мора да веруваме во себе, мора да го започнеме мечот како да е 0:0 од првиот дуел, а не 1:0 за нас. Не треба да мислиме дека имаме предност. Мораме секоја шанса што ќе ни се укаже максимално да ја користиме.“ – рече тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.

Реванш натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите се игра во среда, во 19:30 часот по македонско време на Националната арена во Букурешт. Доколку Шкендија успее да мине во следното коло ќе игра против Карабаг од Азербејџан.

- Оглас -

Најнови вести