37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Беќири: Шкендија нема што да загуби во Баку, ако постигнеме гол сѐ е можно

Шкендија утревечер ќе се обиде да напише новo поглавје во својата европска приказна, со дуелот против азербејџанскиот шампион Карабах во реваншот од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите. По тесниот пораз од 0-1 во првиот меч, македонскиот првак има голема задача, да ја надомести негатива и да се избори за пласман во следната фаза на натпреварувањето.

На прес-конференцијата, тренерот Јетон Беќири нагласи дека тимот нема што да изгуби во Баку.

„Треба максимално да ги искористиме шансите што ќе ни се укажат. Ако успееме да постигнеме гол, сè е можно. Ги почитуваме Карабах, тоа е силен тим кој години наназад е редовен учесник во европските натпревари“, изјави Беќири.

Играчот од средниот ред Камер Ќака посочи дека пред нив е тешка битка, но тимот е решен да се врати во игра по домашниот пораз.

„Се соочуваме со многу силен противник, но ќе дадеме сè од себе за да оствариме позитивен резултат. Карабах има предност, но ние нема да се предадеме“, рече Ќака.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Тофик Бахрамов“ во Баку со почеток во 18 часот. Се очекува трибините да бидат полни и атмосферата да биде интензивна, додека Шкендија ќе излезе со амбиција да ги изненади фаворитите.

- Оглас -

Најнови вести