14.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Беќири: Слатка победа, испишавме историја, ја заслуживме среќата

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, по првата победа во лигашката фаза на Конференциската лига рече дека неговиот тим заслужил да ја има среќата која им помогна во финишот за да освојат три бода.

Ваквите победи се послатки. Испишавме историја, со ова помагаме и да се крене рејтингот на македонската лига. Оваа екипа уште не е на својот максимум, се надевам дека во иднина ќе одиграме уште подобро. Се согласувам дека имавме среќа, но среќата ги следи храбрите. Мислам дека ја заслуживме среќата. Тоа што победуваме и кога не сме на својот максимум, покажува дека сме квалитетна екипа“, изјави Беќири кој смета дека Шелбурн не е слаб тим, и тоа го докажал со позитивните резултати против Риека и Хакен.

- Оглас -

Најнови вести