16.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Беќири: „Со поддршка од публиката да дојдеме до три бода“

Актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, во четврток го игра првиот домашен меч од лигашкиот дел на Конференциската лига. По поразот од Рајо Ваљекано (2-0), тетовци се надеваат дека ќе дојдат во првите бодови во третото по ранг натпреварување на УЕФА против ирскиот претставник, Шелбурн.

„Имавме доволно време да се подготвиме. Во Скопје игравме добро и на тие квалификациски мечеви во Европа. Иако сме различни по стил со противникот, посакувам со една добра и паметна игра да дојдеме до победа. Направивме добра анализа на противникот, не можеш на ова ниво да најдеш слабости кај противник. Мора да одиграме квалитетно. Се надеваме на добра игра на поддршка од публиката и да дојдеме до тие три бода. Пред да играме со Рајо знаевме дека шпанската лига е силна, но кога играш уште повеќе ја чувствуваш таа силина. Видовме како се игра модерен фудбал и не случајно шпанските екипи се секогаш на врвот. Сите ние видовме како треба да де игра врвен и модерен фудбал. Се надевам дека научивме нешто и дека ќе ни послужи за идните натпревари.“ – рече тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.

- Оглас -

Најнови вести