8.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Беќири верува дека Шкендија уште има шанси да продолжи со настапите во Конференциската лига

Македонскиот првак Шкендија утре ќе гостува во Турција кај Самсунспор во реванш мечот од нокаут фазата за пласман во осминафиналето од Конференциската лига на УЕФА. Тетовчани на првиот меч загубија со 0:1 во Скопје, и сега мора да победат на гости ако сакаат да се надеваат дека ќе продолжат во следната рунда од ова натпреварување.

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири верува дека неговиот тим уште има шанси за успех, но едноставно мора да се одигра подобро отколку на првата средба во Скопје

„Секако дека посакуваме утре да бидеме на највисоко ниво. Самсунспор е силен тим , но веруваме дека ќе одиграме добар меч утре, подобар од оној што го одигравме во Скопје. Ќе направиме се што е во наша моќ“ – рече Беќири а потоа продолжи.

„За нас првиот меч беше тежок. Утре нормално дека ќе одиграме подефанзивно, но пак ќе се обидеме да наметнеме наш ритам, наша тактика. Го анализиравме доста противникот, на терен ќе се бориме до последниот атом на силите“ – изјави на официјалната прес конференција, тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.

- Оглас -

Најнови вести