19.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Беќири задоволен од играта во второто полувреме: Ништо не е готово!

На 12-ти август во Баку е реваншот помеѓу Карабах и Шкендија, а тренерот на македонскиот фудбалски првак, Јетон Беќири, смета дека поразот од 0-1 кој го претрпе Шкендија вечерва, не значи сигурна елиминација.

„Не смеевме да примиме ваков гол, мораше во таа ситуација да бидеме повнимателни. И ние и Карабах имавме шанси. Одигравме подобро во второто отколку во првото полувреме. Ќе се обидеме на реваншот, загубивме само со еден гол разлика, ништо не е готово. Ако одиграме перфектно, може да извлечеме подобар резултат“, изјави Беќири.

Тренерот на Азербејџанците, Гурбан Гурбанов, предупреди дека Шкендија е добар тим и дека мора да одиграат подобро на реваншот.

„Направивме технички грешки, но одигравме на резултат. Можам да кажам добри работи за противничкиот тим. Тие докажаа дека нивните победи во претходните 2 натпревари не беа случајност. Голема предност е, но треба да бидеме повнимателни и посериозни во Баку. Би сакал да им се заблагодарам на моите играчи за борбата до крај. Беше многу важно да победиме на гостински терен“, рече Гурбанов.

- Оглас -

Најнови вести