Еден од најатрактивните играчи кои се очекува да направат трансфер во летниот преоден рок е Алекс Телјес од Порто. Се работи за 27-годишен дефанзивец, кој играше одлично сезонава и е цел на повеќе европски клубови. Барселона се надева дека левиот бек ќе дојде на „Камп ноу“, но сериозен ривал на каталонскиот гигант е францускиот првак ПСЖ.
Бразилецот кој има играно во Хувентуде и Гремио во Бразил, но и во Галатасарај во Турција, а сега неговата следна релација најверојатно ќе биде Париз и дресот на Светците. Алекс има играно и во Интер кога беше како позајмен играч од турскиот тим.
Цената за Бразилецот беше околу 40 милиони евра, но по пандемијата со корона-вирусот и кризата во фудбалот, сега се очекува неговата трансфер-сума да не биде поголема од 30 милиони евра, што значи дека Порто со евентуалниот трансфер би заработил 10 милиони помалку од првично очекуваното.
Алекс, кој има и настап за репрезентацијата на Бразил, може да се пофали дека е бекот со најмногу погодоци во дресот на Порто. Во 183 одиграни средби, тој има дадено 21 погодок, од кои дури 10 голови му се во оваа сезона.