Бекот на Кралевите е прв добитник на новата награда која ја воведе НБА

Деарон Фокс, бекот на Сакраменто кингс, е првиот добитник на новата награда која ја воведе НБА-лигата за најдобар кошаркар во неизвесните завршници.

Фокс доби 91 глас од можните 100 и убедливо е прогласен за најдобар постигнувајќи 194 поени во одлучувачките моменти од натпреварите.

Тој во регуларниот дел од сеознава имаше просек од 25 поени, 6 асистенции и 4 скока по натпревар.

„Постојано велам дека не треба да се плашите од неуспесите. Не можете да го погодите секој шут, но соиграчите и тренерите ме доведоа во позиција да можам да бидам самоуверен и да ги шутирам важните шутеви“, изјави Фокс.

Сакраменто во првата рунда од плејфот има водство од 2:0 во победи против актуелниот шампион Голден стејт вориорс.

- Оглас -

Најнови вести