Реал Мадрид освои многу вредна победа на гостувањето кај Валенсија. Кралскиот клуб минимално со 1:0 победи на ова гостување во рамките од 23 коло, па сега има 57 бодови и е на второто место на табелата, со само еден бод помалку од вечниот ривал и лидер, екипата на Барселона.
Во првото полувреме, македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски бранеше одлично и беше најзаслужен што немаше погодоци по првите 45 минути.
Сепак, Реал го засили темпото во ворото полувреме, а одбраната на Валенсија беше матирана во 65 минута и тоа од дефанзивецот на Реал Алваро Карерас. Тој продре по левата страна, нанижа неколку противнички играчи, а на крајот го матираше и Столе Димитриевски.
Valencia 0-(1) Real Madrid – Alvaro Carreras 65′
by
u/977x in
soccer
До крајот на мечот, Реал со погодокот на Килијан Мбапе во судиското надополнување стигна до 2:0 и седма победа по ред на Кралевите во шпанското првенство. Голот на Мбапе може да го видите ТУКА.

