Белами: „Македонија има добар тим, но повеќе би сакал да ја подготвам екипата за гостување во Бразил“

Репрезентацијата на Велс со победа од 3-1 над Казахстан доаѓа во Скопје, на дуел против Македонија во квалификациите за Светското првенство. Селекторот на велшаните, Крег Белами, најави дека веќе се подготвуваат за мечот во Скопје, иако повеќе би сакал да ја подготвува репрезентацијата за гостување во Бразил, отколку во Македонија.

„Тие се добар тим. Мора да бидеме на највисоко ниво. Дали имам непроспиени ноќи поради тоа? Не. Има поважни работи. Ми се допаѓа предизвикот да подготвам тим за да оди некаде како во Македонија. Би сакал да имам можност да подготвам тим за да гостува и во Бразил, разбирате? Сакам да напредувам и сакам играчите да напредуваат. Не гледам на сè како да живеам со нож меѓу забите, ако разбирате што сакам да кажам. Тоа е предизвик кој треба да се прифати со возбудување. Македонија нуди многу за да може фудбалски да се возбудите.“ – рече селекторот на Велс, Крег Белами, после победата над Казахстан.

- Оглас -

Најнови вести