-4.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Белами по победата над Лихтенштајн: „Ќе биде тешко против Македонија!“

Репрезентацијата на Велс оствари минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Лихтенштајн, па во вторник во директен дуел против Македонија ќе одлучува за втората позиција на табелата.

Двете репрезентации имаат обезбедено место во баражот, но сега борбата е за подобра позиција во ждрепката и избегнување на селекции од типот на Италија, Турција, Полска и Украина.

„Против Македонија ќе биде тежок натпревар. Тие имаат добри резултати, а за нас најважно е да создаваме шанси и да бидеме трпеливи. Ќе мораме да се прилагодиме без Џејмс и Ампаду, но сепак, имаме голем ростер на фудбалери.“ – рече селекторот на Велс, Крег Белами, по победата над Лихтенштајн.

- Оглас -

Најнови вести