Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица неочекувано остана без тренер. Александар Стојанов поднесе оставка по двата врзани порази на струмичкиот тим.
Иако имаше одличен старт на сезоната со пет победи и едно реми, поразите од Осогово и Шкендија Арачиново донесоа промени во Беласица.
„Во спортот има и успеси и неуспеси. По два порази чувствувам одговорност и се повлекувам. Дадов сè за овој клуб, но понекогаш треба да направиш чекор назад за тимот да оди напред“, изјави Стојанов.
Беласица има најдобар старт во последните години, но остатокот од сезоната ќе го доигра со нов стратег. Раководството во наредните денови ќе одлучи кој ќе ја преземе клупата.