36.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Белата точка донесе три бода за Манчестер јунајтед (Видео)

Манчестер јунајтед ја прекина мини кризата кога имаше два порази во низа и овојапт славеше на „Олд Трафорд“ против Евертон, во меч од 28 коло на Премиер лигата. Со овој триумф, Црвените ѓаволи сега стигнаа до 47 бодови, доближувајќи се на три бода од петопласираниот Тотенхем кој има и два меча помалку од Манчестер.

Со пенали стигна домаќинот до победа на „Олд Трафорд“. Најпрво Бруно Фернандеш беше прецизен од белата точка, за 1:0 за домаќините, во 12 минута.

Потоа, во 36 минута беше досуден нов пенал за Манчестер јунајтед, а овојпат Маркус Рашфорд во гол ја претвори најстрогата казна.

Во двете ситуации за пеналите, фаулиран беше Гарначо и тоа е прв пат еден играч на Манчестер јунајтед да изнуди два пенали во еден натпревар од Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести