Актуелниот европски и француски првак, Пари Сен Жермен, оваа сезона се мачи со пеналите.
Од десетте удари од белата точка сезонава кои ги изведе тимот од Париз во сите натпреварувања, реализирани беа само пет, што е очајни 50 проценти успешност. ПСЖ има серија од три утнати пенал по ред (по еднаш не погодија Дембеле, Витиња и Дуе), третиот беше синоќа против Ле Авр кога Дезире Дуе во 79-та минута пропушти можност да зголеми на 2-0.
Голманот на Ле Авр, Мори Дио, откако го одбрани пеналот на Дуе, објасни што му помогнало да го направи тоа – Сенегалецот призна дека е навивач на ПСЖ и дека ги гледа нивните натпревари.
„Јас сум навивач на ПСЖ. Го видов пеналот што го изведе Дуе лани против Ливерпул и решив да се фрлам на истата страна“, рече Дио.

