23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Белата точка е „црна“ за Меси, во 21-виот век никој не утнал повеќе пенали од него!

Лионел Меси синоќа против Полска го утна својот 31-ви пенал во кариерата и потврди дека ударите од 11 метри му се една од послабите страни во играта.

Аргентинската суперѕвезда е рекордер во историјата на фудбалот по бројот на асистенции и освоени Златни топки и Златни копачки, а држи и три негативни пеналџиски рекорди.

Меси е фудбалер со најмногу утнати пенали во историјата на Лигата на шампионите, сега го дели првото место по бројот на нереализирани пенали на светските првенства, а рекордер е и по бројот на промашени пенали во 21-виот век. Во последните 22 години, никој не утнал повеќе пенали од него.

- Оглас -

Најнови вести