Реал Мадрид синоќа во 90-тата минута пропушти идеална шанса да победи против Ал-Хилал на дуелот од Светското клупско првенство, пеналот не го искористи Федерико Валверде, кој ја носеше капитенската лента.
Со оваа утка се потврди дека Реал има голем проблем со реализацијата на ударите од белата точка, кои се сметаат за најстрога казна за противниците.
Од 19-те пенали кои беа досудени за Реал сезонава во сите натпреварувања, 12 беа претворени во гол, а дури седум (37 проценти) не беа реализирани. Ваков лош процент на реализација нема ниту еден друг голем тим во Европа.
Три пенали утна Килијан Мбапе, два Винисиус, а по еднаш не реализираа Џуд Белингам и Валверде. Реал имаше четири утнати пенали во шпанската лига, два во Лигата на шампионите и сега еден на Светското клупско првенство.