Белерин откри кој е најголемиот проблемот на Арсенал

Арсенал вчера не издржа во финишот и прими израмнувачки гол од Славија Прага за конечни 1-1 на „Емирати“. Чешкиот клуб со златен гол ќе го дочека реваншот за шест дена, а Топчиите со сигурност жалат за пропуштените шанси преку кои многу порано можеа да го решат дуелот во Лондон и со подобар резултат да влезат во возвратниот меч.

Белерин смета дека проблемот е во неговата екипа, односно вели дека Арсенал речиси секогаш заслужува да победи, но не може да истрае кога е најважно.

„Секако дека сме разочарани со резултатот бидејќи го контролиравме натпреварот, но имаме очигледен проблем во тоа да итраеме до крај. Се чувствувам како да самите ги губиме натпреварите, отколку што противниците се подобри од нас и нè надигруваат. Пропуштивме големи шанси за да го решиме победникот во пресрет на реваншот. Сепак, остануваат уште најмалку 90 минути за игра, резултатот е 1-1 и сè е можно да се случи. Нашата цел и натамуе да бидеме полуфиналисти“, истакна Белерин.

Лаказет дефинитивно е еден од несреќниците што Арсенал не триумфираше против Славија, неговото големо промашување во ситуацијата „еден на еден“ со противничкиот голман беше едно од низата неискористени шанси на тимот на Артета.

https://www.youtube.com/watch?v=lSp_raFG4xI

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести