Белгиецот игра за чиста петка – Лукаку го има рецептот на Адријано од 2004 година (Видео)

Ромелу Лукаку го има рецептот на бразилскиот ас Адријано и е првиот фудбалер на Интер по пауза од 16 години што дава гол на пет меча по ред во европските купови.

Белгиецот вечерва ја затресе мрежата и на Хетафе, во нокаут осминафиналниот меч во Европа Лигата и го стаса Адријано, кој имаше идентична низа во 2004 година.

Серијата Лукаку ја почна на дуел од фазата по групи во Лигата на шампионите против Славија Прага во ноември лани, потоа ја затресе и мрежата на Басрелона, а продолжи со голови и во натпреварите од Европа Лигата.

Шпицот на Интер погоди и на двата дуели од двомечот со Лудогорец во февруари, а и вечерва беше стрелец против Хетафе.

https://twitter.com/MinutesFoot/status/1291095893605855233?s=20

Интер со неговиот гол од 33. минута води против шпанскиот претставник на меч што се игра на „Велтинс“ арената во Гелзенкирхен. Победникот од овој дуел ќе остане во Германија за завршницата во Европа Лигата што ќе продолжи на 10. август.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести