Белгиецот кој се повреди против Русија, на шестчасовна операција, го спасиле три сантиметри

Белгискиот репрезентативец Тимоти Кастањ, кој се повреди против Русија откако имаше дуелот со Кузјаев, имал многу среќа што не се здобил со уште полоша повреда која ќе му ја прекинела кариерата, а до тоа црно сценарио го делеле само три сантиметри, велат лекарите.

Кастањ беше опериран, операцијата траела шест часа, и за него европското првенство е завршено, а нема да игра ни на стартот на новата сезона. Но, утеха е што барем ќе може повторно да се занимава со активно играње фудбал.

Кастањ кој е играч на англиски Лестер, во сударот со Кузјаев доживеа тешка повреда на очната празнина, но лекарите велат дека ако ударот бил само три сантиметри погоре, бидејќи така директно би му настрадало окото и тој веќе не би можел да игра фудбал.

Сега на Кастањ му следува мирување од два месеци, што значи дека ќе го пропушти стартот на Премиерлигата. Поддршка му дадоа неговите соиграчи од белгиската репрезентација, кои му испратија слика на која цел тим е со неговиот дрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести