Белгија без трите големи ѕвезди ќе игра против Русија

Белгија ќе биде без Кевин де Брујне, Еден Азар и Аксел Витсел вечерва на дуелот против Русија, во првото коло од Европското првенство. Трите големи ѕвезди имаат здравствени проблеми и нема да бидат подготвени за настап.

Де Брујне и Витсел воопшто не отпатуваа во Санкт Петербург, додека Де Брујне треба да е подготвен за дуелот против Данска во второто коло.

„Како се чувствувам физички? Бавно напредувам. Само една недела како тренирам. Јасно е дека не сум 100 отсто подготвен“, вели Азар кој цела сезона во Реал Мадрид се мачеше со повредите.

Веќе две и пол години, Белгија е рангирана на првото место на ФИФА ранг листата, но тоа е селекција која досега нема триумф на големо натпреварување како ЕП или СП.

 

- Оглас -

Најнови вести